Кореја

Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски лансиран сателит испратил детални снимки од Белата куќа

28.11.2023 08:40

Постоењето на фотографиите не е независно потврдено, а експертите велат дека е рано да се каже дали шпионскиот сателит „Малигионг-1“ функционира правилно, седум дена по лансирањето...

Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки од Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони. Постоењето на фотографиите не е независно потврдено, а експертите велат дека е рано да се каже дали шпионскиот сателит „Малигионг-1“ функционира правилно, седум дена по лансирањето. 

Од Обединетите Нации велат дека лансирањето на севернокорејските проектили претставува сериозен ризик за цивилната авијација и поморскиот сообраќај.