Европа зафатена од силна снежна бура
Украина зафатена од снежна бура. Силни ветрови и снежни наноси блокираа цели области. Од невремето погодена и Русија. Слична е сликата и на Балканот...

Украина зафатена од снежна бура. Десет лица загинаа меѓу кои и две деца. Силни ветрови и снежни наноси блокираа цели области. Стотици домаќинства се без струја, патиштата блокирани, луѓето заглавени. Најпогодени регионите на Одеса, Харков, Миколаев и Киев.
Од невремето погодена и Русија. Московската област прекриена со најголемиот снег во изминатите 40 години. Повеќе од два милиони луѓе се без електрична енергија откако студентите ветрови корнеа далноводи и дрвја.
Слична е сликата и на Балканот. Во Србија е прогласена вонредна состојба во неколку општини. Снежно невреме ги погоди и Бугарија, Романија и Молдавија.
