СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски сателит направил детални снимки од Белата куќа и Пентагон

28.11.2023 11:52

Советот за безбедност на ООН ги осуди постапките на Пјонгјанг, изразувајќи загриженост дека дополнително се разгоруваат тензиите и се загрозува безбедноста во регионот...

Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки на Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони, што ги видел лидерот Ким Јонг Ун.

Советот за безбедност на ООН ги осуди постапките на Пјонгјанг, изразувајќи загриженост дека дополнително се разгоруваат тензиите и се загрозува безбедноста во регионот. Потребен е обединет одговор, да се истражат практични мерки за да се запре сегашниот негативен тренд, велат од ООН.

За Северна Кореја лансирањето е легитимно право на земјата да ги зајакне своите одбранбени способности.