До 3 - ти декември Aнкетната комисија има рок да ги достави заклучоците до Собранието
По бурните реакции и обвинувања на вчерашната седница на Анкетната комисија, за тоа кој треба да сноси политичка одговорност за скандалот на Онкологија, денеска партиите вербалната војна ја продолжија преку партиски соопштенија.

Aнкетната комисија има рок до 3 -ти декември да ги достават заклучоците до Собранието.
По бурните реакции и обвинувања на вчерашната седница на Анкетната комисија за тоа кој треба да сноси политичка одговорност за скандалот на Онкологија денеска партиите вербалната војна ја продолжија преку партиски соопштенија. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта ја саботира комисија и прават се за да ги заштитат своите партиски кадри. Од СДСМ пак со контраобвинувања.
Заклучоците на Мизрахи, велат дека се напишани од Белата палата без усогласување и гласање од членовите на комисијата.
