ОБСЕ

Лавров доаѓа на Самитот на ОБСЕ

28.11.2023 13:23

Лавров ќе дојде во Скопје. На неформалната вечера утре ќе присуствува и американскиот државен секретар Блинкен...

Рускиот шеф на дипломатијата Лавров ќе дојде во Скопје. Отворено небото за прелет на неговиот авион. Ова е негово прво доаѓање во земја членка на НАТО по почетокот на воената агресија во Украина. На неформалната вечера утре ќе присуствува и американскиот државен секретар Блинкен. Официјално не е потврдена средба. Претпладнево се одржа и генералната проба. Затворен беше сообраќајот на неколку сообраќајници. Известува Викторија Милевска.