Спасовски: Неопходен е поширок заеднички пристап со земјите од ЕУ за успешно сузбивање на криумчарењето мигранти
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на Меѓународна конференција за Глобална алијанса за борба против криумчарењето мигранти, во Европската Комисија во Брисел, во присуство на колеги министри за внатрешни работи од целиот свет, а со цел градење на Повик за акција на засилена заемна соработка.

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на Меѓународна конференција за Глобална алијанса за борба против криумчарењето мигранти, во Европската Комисија во Брисел, во присуство на колеги министри за внатрешни работи од целиот свет, а со цел градење на Повик за акција на засилена заемна соработка.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ја отвори Конференцијата, а министерот Спасовски имаше свое обраќање во рамки на сесијата „Одговор на криумчарење мигранти“.
„Силно сум убеден дека сите наши заложби ќе резултираат со успеси. И оттаму, цврсто верувам дека заклучоците кои ќе произлезат од овој настан ќе помогнат кон проширување на нашите хоризонти во однос на обезбедување поефективно сузбивање на криумчарењето мигранти преку еден континуиран процес на заедничко делување“, рече Спасовски.
По завршувањето на обраќањето на министерот Спасовски, од страна на Еврокомесарката Илва Јохансон беше изразена благодарност за споделените искуства и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.
„Драго ми е да слушнам дека соработката со ФРОНТЕКС е многу добра, и благодарам за споделување на вашите искуства со Националната Единица и како ги зајакнувате вашите капацитети. Инспиративно е тоа што го правите“, рече Еврокомесарката Јохансон.
