Србија

Во неколку општини во Србија сè уште има вонредна состојба, некои села трет ден се без струја

28.11.2023 13:47

Обилните врнежи снег што падна викендов во делови од Србија им создаде проблеми на жителите во Јужна Србија...

Обилните врнежи снег што падна викендов во делови од Србија им создаде проблеми на жителите во Јужна Србија. Работа имаше и за спасувачите кои од завеан автобус на патот Врање – Крива Феј, кај Соколовац евакуираа граѓани. Врнежите на снег беа причина за прогласување на вонредна состојба во општините Бабушница, Нова Варош, Црна Трава и делови од Врање.

Проблеми со струја сè уште имаат домаќинствата во одредени планински предели во општините Нова Варош, Сврљиг и Црна Трава. Патиштата во поголем дел од државата се проодни, освен локалните патишта во Сјеница, Тутин, Бабушница и Црна Трава, каде се очекува снежните наноси да бидат расчистени во следните седум дена.

На другите делници има и до 10 сантиметри снег. Пристапите кон зимските туристички центри се проодни.

Во Пријепоље, вонредната состојба беше укината, а реката Лим се повлече во коритото.

И во делови на Врање каде пред два дена беше прогласена вонредна состојба состојбата се нормализира.

Сè уште се трага по 53-годишниот Милинко Чорбиќ, кој исчезна пред три дена во селото Река, меѓу Рудно и Студеница.

 

Оливер Бранковиќ