Македонија

Метеж пред пунктот за промена на лични документи

28.11.2023 15:30

Граѓаните за промена на лични документи чекаат ред и по шест часа. Велат, потребни се повеќе пунктови за да се забрза целиот процес. За службите за граѓански работи во МВР нема да важи владината одлука за неработни денови во државната и јавната администрација...

Редици, метеж и нетрпение во полициската станица „Пролет“ каде се наоѓа пунктот за промена на лични документи без закажување. Граѓани и по неколку часа чекаат да завршат работа, сметаат дека се потребни повеќе пунктови за да се забрза целиот процес.

Пунктот во полициската станица „Пролет“ е отворен за сите граѓани да ја направат промената на лични документи пред истекот на законскиот рок во февруари.

Овој пункт ќе биде отворен сè додека има интерес, односно додека граѓаните имаат потреба да извадат нови документи.

Пунктовите за фотографирање и замена на документи ќе работат и утре и задутре. За службите за граѓански работи во МВР нема да важи владината одлука за неработни денови во државната и јавната администрација.

 

Александра Спировска