АМСМ
Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на Стража и во Крушево
28.11.2023 19:05
Врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.
Врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
