Брисел

ЕУ обезбеди 194 милиони евра за обука на украинските војници

28.11.2023 19:28

Парите се канализираат преку Мисијата за воена помош на Европската унија (ЕУМАМ) за поддршка на Украина.

Европската унија се согласи да обезбеди дополнителни 194 милиони евра за опрема и обука на украинските војници.

Парите се канализираат преку Мисијата за воена помош на Европската унија (ЕУМАМ) за поддршка на Украина. Според информациите, повеќе од 34.000 војници веќе се обучени во рамките на оваа програма.

Мисијата за обука на ЕУ беше договорена минатата година од министрите за надворешни работи на земјите-членки.