Свет

Хамас ослободи уште 12 заложници

28.11.2023 20:45

Според информациите од Црвениот крст, 12 заложници, од кои 10 израелски заложници и двајца со странско државјанство, се на пат кон израелска територија, се вели во соопштението.

Хамас ослободил уште 12 заложници, меѓу кои 10 Израелци и двајца странски државјани, кои се на пат кон израелска територија, информираа Израелските одбранбени сили.

Според информациите од Црвениот крст, 12 заложници, од кои 10 израелски заложници и двајца со странско државјанство, се на пат кон израелска територија, се вели во соопштението.

За возврат, уште 30 палестински затвореници треба да бидат ослободени од израелските затвори.

Примирјето, кое стапи во сила во петокот наутро и првично беше предвидено да трае четири дена, е продолжено за уште два дена според претходно договорените услови.