Мирисливи и хранливи костени
Плодот костен содржи многу минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и повеќе групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на повеќе начини како варени, печени, пире, сушен, во многу слатки и солени јадења, како и медот од костени кој е многу полезен.

Потеклото на дрвото костен е многу старо од Јапонија и Кина, а во 16 век преку Грција донесено е во Европа.
Од тогаш е присутен на домашните трпези, а прекрасен мирис на печен костен во есен и зима се шири на плоштадите кај нас и низ светот.
Плодот костен содржи многу минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и повеќе групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на повеќе начини како варени, печени, пире, сушен, во многу слатки и солени јадења, како и медот од костени кој е многу полезен.
Листовите на костенот исто така се користат како чај. Тие содржат 95% танин, есенцијални смоли и витамин К, кој е важен при запирање на крвавењето, бидејќи ги стеснува крвните садови. Заедно со мајчина душичка се користи за лекување на проблеми за дишењето, го прочистува организмот, помага при болки во грбот и кај дијареја.
Медот од костени е исто така е многу хранлив и лековит. Лекува гастритис и проблеми со варењето, го заштитува црниот дроб, придонесува за подобра циркулација.
Дрвото костен има голема крошна кое расте брзо и до 25 метри и достигнува голема старост. Листовите на костенот се на долги дршки. Тие и лушпите на костенот се користат за произведување на шампони и бројни козметички препарати. Од стеблото на дрвото се изработуваат мебел и огради.
Плодот на костенот се нарекува исто така костен. Тој е со темнокафена боја и со мазна површина, а расте во бодликава обвивка која пука во есен кога плодот е зрел. Едно дрво на костен, годишно може да даде до 200 килограми плод.
Треба да се прави разлика помеѓу дивиот и питомиот кој не е со бујна голема крошна кое расте брзо. Костенот доцна цвета, па во есенскиот период е главен извор на полен и нектар за пчелите.
Секогаш треба многу да внимаваме и правиме разлика помеѓу питом и див костен затоа што не се исти нивните полезни дејства!
Катерина Стојановска – Десковска