Фудбал

Анчелоти не одговори на прашањето за неговата иднина во Реал

28.11.2023 19:33

Не сакам да зборувам за мојата иднина, изјави Анчелоти.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одби да одговори на прашање за неговата иднина во „Кралскиот клуб“ пред натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите.

Не сакам да зборувам за мојата иднина, изјави Анчелоти.

Денес се појави информација дека Манчестер јунајтед упатил понуда до Анчелоти. Воедно, раководството на Реал Мадрид најдоцна до крајот на годинава, сака да го продолжи договорот со 64-годишниот тренер. Неговиот актуелен договор со мадридскиот тим е до крајот на оваа сезона.

 

Извор: МИА