Временска прогноза

Променливо облачно, на планите врнежи од слаб снег

29.11.2023 07:01

По одделни котлини со појава на магла, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне магливо со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.