Израел

Израел бара итно ослободување на сите заложници

29.11.2023 09:00

Изрaел со повик до меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите киднапирани. На вториот ден од продолженото примирје, договорена нова размена на заложници и затвореници. САД и Катар работат за продолжување на прекинот на огнот меѓу Изрaел и Хамас.

Израел ја повика меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. На петтиот ден од прекинот на огнот беа ослободени 12 израелски заложници, во замена за 30 палетиснки затвореници. Од Белата Куќа и катарското МНР велат дека работат со двете страни во конфликтот за продолжување на тековното примирје кое завршува денеска.

„Внатре во Газа во овој момент Хамас го држи нашиот народ како заложник. Мажи, жени, деца, бебиња. Ги повикуваме сите луѓе кои се грижат за правата на жените, децата, човековите права, иднината на човештвото, да ни се придружат во повикот за итно ослободување на сите заложници“, изјави Даниел Хагари – pортпарол на израелската одбрана.

Во меѓувреме, американски воен авион, слетал во Египет со помош за Газа, вклучувајќи медицински материјали, храна и облека, потврдија од Пентагон.

Тема на дискусија меѓу секретарот Остин и израелскиот министер за одбрана продолжува да биде важноста на спроведување операции во согласност со законот за вооружени конфликти, заштита на цивилите и обезбедување на помошта.

Израелската војска повтори дека е подготвена да продолжи со борбите во Појасот Газа веднаш штом заврши примирјето.

„Ние сме посветени на завршување на нашите задачи – ослободување на сите киднапирани, елиминација на оваа терористичка организација над и под земја, и секако Газа нема да се врати на она што беше и нема да претставува закана за државата Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху-pремиер на Израел.

Израел и Хамас вчера се судрија во северниот дел на Газа. Двете страни со меѓусебни обвинувања за кршење на тековната хуманитарна пауза. Властите во Тел Авив велат дека за нападот од Хамас на 7 – ми октомври се очекува длабока истрага.

 

Маријана Димовска