Скопје
Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска сè уште трае
29.11.2023 09:25
Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје сè уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето...

Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје сè уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето.
Полицијата објави нејзина фотографија и опис во билтенот за исчезнати. МВР ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.
Фотографии од девојчето се залепени во центарот на градот со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на каква било информација.
Последниот сигнал кој бил забележан од нејзиниот телефон бил лоциран на Партизанска спроти Универзалната сала.
Вања во училиште заминала завчера изутрина во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна.
