Книжевност

Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело

29.11.2023 10:26

 

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска.

 

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска.

На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Донат“ и „Горан Бујиќ“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач.

Инаку, високите признанија именувани „Донат“ и „Горан Бујиќ – книжевници и новинари“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. 

Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ. Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.