ЕЛЕМ учествува на најголемиот енергетски саем во Европа

03.06.2014 11:40

АД ЕЛЕМ и годинава на својот штанд ќе ги претстави развојните енергетски проекти во Република Македонија пред потенцијалните бизнис партнери кои ја гледаат Македонија како можна бизнис-дестинација...

АД „Електрани на Македонија“ годинава по четврти пат со свој штанд ќе се претстави на најголемиот саем за енергетика во Европа „Пауер Џен Јуроп 2014“ (Power Gen Europe) во сегментот за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. 
 
На саемот што годинава се одржува во Келн, Германија, повеќе од десетина години се претставуваат најголемите светски брендови чија основна дејност е производство на енергија, како и производители на опрема за енергетски капацитети. На оваа меѓународна манифестација со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти.
 
АД ЕЛЕМ и годинава на својот штанд ќе ги претстави развојните енергетски проекти во Република Македонија пред потенцијалните бизнис партнери кои ја гледаат Македонија како можна бизнис-дестинација.
 
Оттаму велат дека оваа меѓународна манифестација е одлична можност за интернационално презентирање на компанијата, размена на знаења и искуства, воспоставување нови бизнис релации и иницирање соработка со деловни субјекти од целиот свет.