Американскиот државен секретар Блинкен попладне во Скопје
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен се очекува од Брисел каде што учествува на состанокот на НАТО попладнево да замине за Македонија, каде што ќе учествува на 30. министерски состанок на ОБСЕ што се одржува утре и задутре во Скопје...

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен се очекува од Брисел каде што учествува на состанокот на НАТО попладнево да замине за Македонија, каде што ќе учествува на 30. министерски состанок на ОБСЕ што се одржува утре и задутре во Скопје.
„Секретарот Блинкен ќе ја истакне цврстата посветеност на НАТО кон Украина во нејзината борба против руската агресија, ќе ја нагласи нашата поддршка за демократијата и регионалната стабилност на Западен Балкан и ќе разговара за приоритетите на Самитот во Вашингтон во јули 2024 година“, соопштија од Стејт Департментот.
