Македонија
Во потрагата по Вања се приклучија и регионалните медиуми
29.11.2023 11:17
Регионалните медиуми се приклучија во потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска...

Регионалните медиуми се приклучија во потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска.
На интернет страните на неколку портали во Србија и во Албанија се апелира до граѓаните доколу имаат било каква информација за 14 годишното девојче веднаш да се обратат во најблиската полициска станица.
И на социјалните мрежи се шири фотографија на англиски јазик, упатена до сите во Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција и до сите во светот, на која се наведува дека се трага по исчезнатото девојче.
