мвр
Приведен крадец во Тетово, фатен на дело
29.11.2023 11:28
Од него биле одземени повеќе предмети кои ги користел за извршување на кражбата...

Вчера околу 19.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот тетовец Џ.И., кој бил затекнат при извршување на кражба во подрумски простории во станбена зграда во Тетово. Од него биле одземени повеќе предмети кои ги користел за извршување на кражбата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
