Фалкао ја загуби трката со времето!
Колумбискиот селектор Хозе Пекерман, вети и исполни, но тоа не му помогна на Фалкао да биде меѓу 23-цата патници за Бразил. Како што кажа претходно, Пекерман буквално до последната минута од рокот за пријавување на конечниот состав чекаше позитивни вести од лекарскиот тим на Колумбија, но сепак голгетерот на Монако не успеа навреме да заздрави по операцијата на коленото.

Фалкао се повреди уште во јануари во меч од француското првенство и се надеваше дека има доволно време до јуни да се подготви. „Бев полн со надеж и возбуден, но сега ќе мора од далечина да ја бодрам репрезентацијата. Се надевам дека и без мене ќе играат добро на Светското првенство“, изјави Фалкао.
„Ова е мојот најтажен ден откако сум на клупата на Колумбија“, рече Пекерман на вчерашната прес конференција.
Покрај Фалкао од конкуренција испаднаа и Муриел и Переа. Колумбија е во Групата Ц со Брегот слонова коска, Јапонија и Грција.