Руско-Украински конфликт

Продолжуваат руските напади врз Украина

29.11.2023 12:20

Во текот на ноќта Русија лансираше 21 беспилотно летало и три крстосувачки ракети, соопштија од украинските воздухопловни сили...

Во текот на ноќта Русија лансираше 21 беспилотно летало и три крстосувачки ракети, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Лошите временски услови ги отежнуваат напорите на Москва да ги обезбеди позициите на истокот, тврдат украинските власти.

Од Министерскиот состанок на НАТО во Брисел, Генералниот секретар на Столтенберг со порака, Алијансата треба да преземе конкретни чекори за да и помогне на Украина да се приклучи на организацијата.