Јапонија

Американски воен авион се урна во океанот во близина на Јапонија

29.11.2023 12:23

Авион на армијата на САД, со осум лица, се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража...

Авион на армијата на САД, со осум лица, се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Пронајдени се остатоци од леталото и еден од патниците. Во моментов не се познати причините за падот на авионот и состојбата на луѓето кои биле во воздухопловот.

Според првичните информации, авионот се обидел принудно да слета.