Србија
Родителите на убиените деца во „Рибникар“ незадоволни од односот на државата кон злосторството
29.11.2023 13:00
Родителите на децата убиени во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска се собраа пред училиштето за да го изразат своето незадоволство од начинот на кој државата се однесува кон тоа злосторство, а истовремено потсетија дека не смее да се заборави...

Родителите на децата убиени во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска се собраа пред училиштето за да го изразат своето незадоволство од начинот на кој државата се однесува кон тоа злосторство, а истовремено потсетија дека не смее да се заборави.
Родителите изразија незадоволство поради тоа што има голем отпор училиштето да се претвори во меморијален центар.
Откако запалија свеќи пред училиштето, родителите се упатија кон Владата на Србија.
