Скопје

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

29.11.2023 13:15

Овие денови главниот град е под најголема безбедносна организација. Во следните два дена ќе бидат затворени централни улици и преземени високи безбедносни мерки за пречек на околу илјада гости...

Очите на светската јавност од денеска до први декември се свртени кон Скопје, каде се одржува 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ. Овие денови главниот град е под најголема безбедносна организација. Во следните два дена ќе бидат затворени централни улици и преземени високи безбедносни мерки за пречек на околу илјада гости.

Во следните три дена над 70 делегации со околу илјада членови ќе престојуваат во Скопје. Османи го нарече најзначаен меѓународен собир одржан во земјава. Денеска попладне пристигнува американскиот државен секретар Блинкен. Повеќе за тоа како ќе се одвива утрешниот ден, известува Наташа Гркова-Петрушевска.