Фудбал – СП Бразил 2014

Демикелис во Бразил!

03.06.2014 11:15

Аргентинскиот селектор Алехандро Сабеља во последен ммент реши кои тројца фудбалери се вишок на списокот, па на Светското првенство во Бразил нема да играат Николас Отаменди, Евер Банега и Хозе Соса. Уште при составувањето на пошироката конкуренција Сабеља не го вклучи Оскар Тевез со изговор дека негативно влијае на атмосферата во соблекувалната.

За Соса немаше место и во онака силниот среден ред, Гаго доби предност пред Банега иако и двајцата се уште се опоравуваат од повредите, додека Сабеља смета дека ветеранот Демикелис ќе му биде поваќе од корист за разлика од Отаменди.

Двојниот светски шампион Аргентина е носител во Групата Ф во којшто се и Босна и Херцеговина, Нигерија и Иран.