Османи: Ова е еден од најголемите настани кои ги организирала земјава
Ова е еден од најголемите настани кои ги организирала Македонија и подготвени сме за одржување на министерскиот состанок, вели шефот на македонската дипломатија за Македонската телевизија.

Ова е еден од најголемите настани кои ги организирала Македонија и подготвени сме за одржување на министерскиот состанок, вели шефот на македонската дипломатија за Македонската телевизија. Во Министерството за надворешни работи ќе се одржи паралелна конференција што го одбележува крајот на претседавањето на нашата земја со ОБСЕ. Како што споменавме денеска, за гостите е организирана вечера, а покрај подароците Османи, вели дека ќе имаат шанса да ја пробаат и македонската традиционална кујна.
Со министерот за надворешни работи разговараше Анита Димитријевска-Велковска.
