Тајван-Кина
Кина со предупредување до Тајван
29.11.2023 13:24
Кина го предупреди кандидатот за претседател на владејачката тајванска партија да не бара независност...

Кина го предупреди кандидатот за претседател на владејачката тајванска партија да не бара независност.
Според Пекинг, таквото барање и соработката со надворешни сили само ќе предизвика тензии и немири низ Тајванскиот теснец.
Кандидатот на владејачка партија во текот на кампањата стави до знаење дека ќе соработува со САД, Јапонија и други за да се спротивстави на притисокот од Кина.
