Фудбал – СП Бразил 2014

Валенсија главна ѕвезда на Еквадор!

03.06.2014 11:30

Лакрскиот тим решаваше за конечните 23-ца Еквадорци кои ќе играат на Мундијалот. Сегундо Кастиљо ќе патува во Бразил без разлика што повредата на коленото не е наивна. Проценките се 50:50 дали Кастиљо воопшто ќе може да игра по лошиот дуел на пријателскиот натпревар со Мексико по којшто противничкиот играч Луис Монтес ја скрши ногата.

Главна ѕвезда во еквадорската репрезентација е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија кој ќе треба да има голема поддршка од екс играчот на Манчестер Сити сега на Ал Џазира, Фелипе Саиседо. Селекторот Реиналдо Руеда има доверба и во  играчот за врска, 35 – годишниот Едисон Мендез кој со 109 настапи е најискусен во оваа селекција, а трет во историјата на на Еквадор според бројот на  репрезентативни мечеви.

По 2002-ра и 2006-та, Еквадор по третпат ќе игра на Светско првенство и тоа во Групата Е со Франција, Швајцарија и со Хондурас.