Премиерот Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел во Владата

29.11.2023 15:04

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.

На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.