Израел

Израел и Хамас со меѓусебни обвинувања за кршење на тековната хуманитарна пауза

29.11.2023 15:16

Кревкото примирје неколкупати нарушено. Жителите во Појасот Газа очекуваат продолжување на примирјето со надеж дека завојуваните страни ќе постигнат траен прекин на огнот што е можно поскоро.

Тел Авив ја повика меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. Израелската влада тврди дека е посветена да обезбеди враќање на сите заробени и исчезнати лица.

„Како што преживеаните од заробеништвото на Хамас се враќаат дома, почнуваме да откриваме нови застрашувачки детали. Доказите што семејствата ги споделуваат со медиумите се застрашувачки. Нашите деца беа сериски злоупотребувани. Исто како што Хамас ги сними злосторствата против човештвото на 7 октомври, продолжува да ги документира сопствените ѕверства, објавувајќи снимки како ги тероризираат заложниците во нивните последни моменти на заробеништво“, изјави Ејлон Леви – Портпарол на израелската влада

Израел и Хамас со меѓусебни обвинувања за кршење на тековната хуманитарна пауза. Кревкото примирје неколкупати нарушено. Жителите во Појасот Газа очекуваат продолжување на примирјето со надеж дека завојуваните страни ќе постигнат траен прекин на огнот што е можно поскоро.

„Би сакале да видиме траен прекин на огнот, бидејќи овде сите живеат под голем притисок. Во моето семејство секоја вечер сме загрижени од можно бомбардирање следниот ден“, рече жител на Газа.

„Храната и другите потреби во Појасот Газа сè уште се далеку од соодветни“, додаде жител на Газа.

Американски воен авион со медицински материјали, храна и облека долета во опколената енклава, соопштија од Пентагон.

„Тема на дискусија меѓу секретарот Остин и израелскиот министер за одбрана продолжува да биде важноста на спроведување операции во согласност со Законот за вооружени конфликти, заштита на цивилите и обезбедување на помошта“, изјави бригаден генерал Пет Рајдер – портпарол на Пентагон

Израелската војска повтори дека е подготвена да продолжи со борбите во Појасот Газа веднаш штом заврши прекинот на огнот. Властите во Тел Авив велат дека за нападот од Хамас на 7-ми октомври се очекува опсежна истрага.

 

Маријана Димовска