Вработените од „Еуроникел Индустри“ со блокади на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп
Повратот на ДДВ за месец август кон „Еуроникел Индустри“ УЈП не го реализира повеќе од еден месец, поради што 800 вработени не можат да земат плата, оти работата во комбинатот е прекината. Поради тоа блокиран е регионалниот пат Градско – Прилеп, трети ден по ред...

Вработените од „Еуроникел Индустри“ од Кавадарци и натаму се на улица, блокирајќи го сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп. Во период од три часа, сообраќајот е сопрен, во знак на револт, што немаат повратна информација за нивното барање за поврат на ДДВ, во висина од 1,2 милион и денари, но иако рокот за враќање 27-ми октомври минал, парите не биле легнати на сметката на Комбинатот.
УЈП не открива, оти тоа било деловна тајна дали и колку должи Комбинатот на државата. Според вработените од финансиската служба во „Еуроникел Индустри“, немале долг за што сведочи и потпишаниот документ со УЈП за повратот на средства каде немало забелешки, како и новиот денес потпишан за поврат на ДДВ во висина од 1,1 милион денари, за месец септември.
Вработените протестираат една седмица, а 800 вработени чекаат плата за октомври.
Петар Печков
