Фудбал

Халанд го собори рекордот на Мбапе, најбрзо го постигна својот 40-ти гол во Лигата на шампионите

29.11.2023 15:32

Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.