Здравство

Здравствените власти подготвени за претстојниот Самит на ОБСЕ

29.11.2023 15:49

Македонското здравство е подготвено да обезбеди здравствена заштита на граѓаните додека трае Самитот на ОБСЕ, но и на странските делегати доколку за тоа има потреба. Екипи на брза помош добиле засилување во возила и тимови од соседните градови...

Здравствените власти се подготвени да се грижат за здравјето на граѓаните, но и за гостите кои ќе дојдат во Скопје на Самитот на ОБСЕ. Министерството за здравство има делегирано човек кој ќе биде во постојан контакт со организаторите на министерскиот самит и ќе ги координира потребните активности за здравствена заштита на учесниците на настанот. Во секоја од јавните и приватните здравствени установи има одговорни лица за менаџирање на ситуацијата ако е потребно.

И покрај тоа што утре е неработен ден за администрацијата и училиштата на територијата на Град Скопје, сите здравствени установи ќе работат.

Надлежните смируваат дека и екипите на брза помош ќе им бидат на располагање на граѓаните.

Капацитетите на итната помош во главниот град се зајакнати со возила и медицински тимови од соседните градови.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски