Скопје

Сè е подготвено за Министерскиот совет на ОБСЕ

29.11.2023 17:30

Во следните два дена во главниот град ќе бидат затворени централни улици и преземени високи безбедносни мерки за пречек на над 70 делегации со околу илјада членови кои ќе престојуваат во Скопје. Се одржува 30-от Министерски совет на ОБСЕ. Шефот на дипломатијата Османи го нарече најзначаен меѓународен собир одржан во земјава...

Во следните два дена во главниот град ќе бидат затворени централни улици и преземени високи безбедносни мерки за пречек на над 70 делегации со околу илјада членови кои ќе престојуваат во Скопје. Се одржува 30-от Министерски совет на ОБСЕ. Шефот на дипломатијата Османи го нарече најзначаен меѓународен собир одржан во земјава.

Состанокот ќе го одбележи присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани на кои ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина.

Иако засега нема најава за средба на Блинкен и Лавров, аналитичарите не ја исклучуваат можноста за разговори.

Американскиот државен секретар Блинкен доаѓа денеска, а учеството на ОБСЕ ќе го почне со билатерална средба со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина, Дмитри Кулеба и на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија.

Наташа Гркова-Петрушевска известува за тоа како ќе се одвива Министерскиот совет на ОБСЕ