Министерски совет на ОБСЕ

Државниот секретар на САД, Блинкен во Скопје

29.11.2023 17:49

САД ја сметаат Македонија за НАТО сојузник и стратегиски партнер на Балканот, се вели во соопштението од Стејт Департментот објавено во пресрет на посетата на Блинкен во нашата земја…

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, допатува во Скопје за Министерскиот совет на ОБСЕ, а премиерот Димитар Ковачевски го пречека и му посака добредојде.

„Топло добредојде во Скопје за американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи. Република Северна Македонија е високо ценета како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан. Државниот секретар го поздрави нашето успешно претседавање со ОБСЕ и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата“, објави премиерот Ковачевски на социјалните мрежи.

За посетата и агендата на Блинкен во Скопје, известува Миле Ристески