И Интерпол се вклучи во потрагата по 14-годишната Вања
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), истрагата продолжува и интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за 14-годишната Вања Ѓорчевска, која на 27-ми овој месец беше пријавено дека е исчезната.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), истрагата продолжува и интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на лицето.
Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, се вели во соопштението на МВР.
Од МВР денеска ги демантираа дезинформациите дека 14-годишното девојче наводно е пронајдено во соседна држава. Воедно, апелираат да не се шират дезинформации и посочуваат дека постојано ќе ја информираат јавноста.
