Фудбал – СП Бразил 2014

180.000 мундијалски билети во продажба!

03.06.2014 11:48

Последна шанса за сите оние кои имаат желба и можност да присуствуваат на некој натпревар од Светското првенство во фудбал во Бразил. ФИФА утре ќе ги пушти во продажба последните околу 180 илјади мундијалски влезници и тоа без никакви ограничувања.

Последна шанса за сите оние кои имаат желба и можност да присуствуваат на некој натпревар од Светското првенство во фудбал во Бразил. ФИФА утре ќе ги пушти во продажба последните околу 180 илјади мундијалски влезници и тоа без никакви ограничувања. Продажбата како и претходно ќе се одвива он – лајн преку интернет страницата на ФИФА (FIFA.com/tickets) и ќе стартува на 4 јуни на полноќ по локално време во Бразилија или во пет часот наутро по македонско, односно среднооевропско време. Што е многу важно, билети има за сите 64 натпревари, дури и за финалето.

По оваа продажба друга веќе нема да има, иако можност да се набави билет ќе има се до почетокот на Светското првенаво и тоа поворно преку сајтот на ФИФА, но на местото наменето за препродажба на влезници. Имено, ФИФА остави можност оние што веќе имаат билети, а од различни причини не можат да присуствуваат на натпреварите, да ги препродатат своите влезници, но под нејзина контрола и по регуларна цена.

Од ФИФА потсетуваат дека и за децата од која било возраст се потребни билети, а дека и по девет месеци слабо се продаваат влезниците за специјално наменетите места за лицата со ограничена подвижност. За нив ФИФА ќе почне дополнителна акција.