Блинкен: Мојата посета не е само за ОБСЕ, туку и за Северна Македонија- да го демонстрираме нашето партнерство
Мојата посета не е само за ОБСЕ, туку и за Северна Македонија, да го демонстрираме нашето партнерство. Соодветно е што пристигнувам од состанок на НАТО, во земја која е силен сојузник и партнер на САД, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Мојата посета не е само за ОБСЕ, туку и за Северна Македонија, да го демонстрираме нашето партнерство. Соодветно е што пристигнувам од состанок на НАТО, во земја која е силен сојузник и партнер на САД, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на почетокот на средбата со министерот за надворешни работи Османи во Скопје.
„Имаме стратешко партнерство што целосно е фокусирано на работата што ја правиме заедно како сојузници и партнери, но како и на билатерално ниво. Како што знаете, силно ја поддржуваме евроатлантската интеграција. Силно ја поддржуваме работата што ја правите за зајакнување на демократските институции и работата на носење на силна енергија за диверзификација во регионот и пошироко. Во сето ова можете да сметате на САД, вашиот силен партнер. Делумна причина зошто сум овде вечерва е не само за ОБСЕ, туку и за Северна Македонија да го демонстрирам партнерството што го имаме и признанието за тоа“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Сметаме на континуираната поддршка од САД, и САД може да смета на Северна Македонија во промоцијата на заедничките вредности, рече шефот на дипломатијата по средбата со американскиот државен секретар.
„Во врска со нашите билатерални односи и стратешкото партнерство, Северна Македонија беше првата држава од Западниот Балкан што потпиша почеток на стратешки дијалог со САД, што беше признавање за успехот на Северна Македонија како сојузници во НАТО, но и како успешна функционална мултиетничка демократија која е пример за останатите. За овој успех има два главни столба, поддршката од САД и нашата амбиција за членство во ЕУ. Сметам на вашата континуирана поддршка, а вие можете да сметате на нас во промоцијата на нашите заеднички вредности“, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
Блинкен и Османи дискутирале за актуелните случувања со војната во Украина и на Блискиот Исток и упати благодарност за македонското претседавање со ОБСЕ во ова критично време кога се нарушени основните принципи на организацијата.
Ирина Гелевска
