Временска прогноза
Променливо облачно со појава на кртакотраен дожд
30.11.2023 07:19
Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната дневна ќе достигне 14 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
