Скопје

Денеска почнува 30-от Министерски совет на ОБСЕ

30.11.2023 07:21

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024-та година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта...

Денеска во Скопје почнува 30-от Министерски совет на ОБСЕ. На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случува во земјава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од држави членки и партнери на организацијата. 

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024-та година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта.

Треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

Отворената програма на Македонската радио- телевизија за Министерскиот совет на ОБСЕ следедете ја на следниот ЛИНК.