1/4-финални битки во Париз
Дамите денеска од 14 часот ќе ја отворат четвртфиналната програма на вториот годинашен грен-слем тениски турнир Роланд Гарос.На централниот терен Филип Шатрие , победничката од 2012-тата, минатогодишната финалистка и актуелна 7-ма носителка Марија Шарапова ќе игра со Габрин Мугуруза од Шпанија, а веднаш по нив ќе следи машкото четвртфинале меѓу вториот носител Новак Ѓоковиќ и канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ.Во досегашните два нивни меѓусебни дуела Ѓоковиќ има исто толку победи.

Дамите денеска од 14 часот ќе ја отворат четвртфиналната програма на вториот годинашен грен-слем тениски турнир Роланд Гарос.На централниот терен Филип Шатрие , победничката од 2012-тата, минатогодишната финалистка и актуелна 7-ма носителка Марија Шарапова ќе игра со Габрин Мугуруза од Шпанија, а веднаш по нив ќе следи машкото четвртфинале меѓу вториот носител Новак Ѓоковиќ и канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ.Во досегашните два нивни меѓусебни дуела Ѓоковиќ има исто толку победи. Оваа година играа во полуфиналето на мастерсот во Рим во кое србинот славеше тешка победа во три сета од кои првите два се решаваа во тај-брејк.
Во истовреме, од 14 часот почнува и програмата на теренот бр.1, Сузан Ленглан. Со четвртфинална пресметка орвораат Карла Суарез Наваро и Еугение Бушар, а по нив ќе играат 6-от носител Томаш Бердих и летонецот Ернест Гулбис кој е рангиран како 18-ти носител.
Уште поатрактивна ќе биде утрешната програма на машкиот дел од турнирот кога во битка за полуфинале ќе се соочат Надал со Ферер и Монфис со Мареј, а на женскиот дел од турнирот ќе играат Кузњецова-Халеп и Ерани-Петковиќ.