ИЗРАЕЛ

Блинкен во нова посета на Израел

30.11.2023 08:31

Ќе се сретне со израелските лидери, во обид за продолжување на привременото примирје и зајакнување на хуманитарната помош во Газа...

Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Тел Авив. Ќе се сретне со израелските лидери, во обид за продолжување на привременото примирје и зајакнување на хуманитарната помош во Газа. Американскиот претседател Џо Бајден, пак, телефонски разговарал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати Бин Зајед. Во фокусот на разговорите била состојбата на Блискиот Исток.

Бајден ја повторил цврстата посветеност на САД за мир и безбедност во регионот. Денеска завршува продолженото примирје во Појасот Газа. Од меѓународната заедница со апели за продолжување на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.