Ковачевски: Историјата ќе не суди по нашите дела
Ковачевски остро ја осуди воената агресија на Русија врз и Украина, истакна дека народот на Украина заслужува мир и војната мора да запре, оваа војна ги поткопува темелите на ОБСЕ, рече тој...

Премиерот Димитар Ковачевски го отвори 30. Министерски совет на ОБСЕ. Во своето обраќање Ковачевски ја искажа тежината на овогодишното претседавање со организацијата. Ковачевски остро ја осуди воената агресија на Русија врз и Украина, истакна дека народот на Украина заслужува мир и војната мора да запре, оваа војна ги поткопува темелите на ОБСЕ, рече тој. Северна Македонија е поддржувач на мултилатерализмот и е цврсто уверена дека ОБСЕ може да направи разлика на терен. Изрази благодарност за дадената доверба и прилика да се биде домаќин на овој исклучително значаен и најголем настан во историјата на Македонија. Посака исход кој ќе овозможи излез кон помирни води. Историјата ќе не суди по нашите дела, заврши Ковачевски.
