Украина
Нови напади на Истокот, радијација во Мариупол
30.11.2023 12:51
Три града во Доњецк на удар на руските ракети. Погодена станбена зграда, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени.

Три града во Доњецк на удар на руските ракети. Погодена станбена зграда, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени. Сите три града се во близина на Авдиивка кое е клучно упориште на украинските сили и порта кон источниот регион на Доњецк, кон кој цели Русија.
Во Мариупол украинските власти известуваат за 15 пати поголемо ниво на радијација од дозволеното.
Тврдат дека за ова се виновни руските бомбардирања и ракетни напади врз градот. Според Москва, причината за зрачењето е силната бура што го зафати регионот на Црното море која разнела песок што содржи ториум.
