Министерски совет на ОБСЕ
Претседавачот на организацијата Османи со повик за обединување
30.11.2023 13:26
Претседавачот на организацијата Османи упати повик за обединување за заложбите на ОБСЕ до министрите за надворешни работи. Во фокусот руската воена агресија, војната на Блискиот Исток, стабилноста на организацијата...

Скопје во центарот на светското внимание. Се одржува 30. Министерски совет на ОБСЕ. Претседавачот на организацијата Османи упати повик за обединување за заложбите на ОБСЕ до министрите за надворешни работи. Во фокусот руската воена агресија, војната на Блискиот Исток, стабилноста на организацијата. Вниманието на светската јавност е свртено и кон учеството на шефот на руската дипломатија Лавров и неговото прво доаѓање во земја членка на НАТО по почетокот на воената агресија. Ирина Гелеваска известува од Борис Трајковски.
