Говорот на Лавров бојкотиран од дел од делегациите
Дел од министрите на самитот на ОБСЕ, ја напуштија конференциската сала кога почна говорот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Во знак на бојкот, тие излегоа од салата, додека зборуваше рускиот министер...

Дел од министрите на самитот на ОБСЕ, ја напуштија конференциската сала кога почна говорот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Во знак на бојкот, тие излегоа од салата, додека зборуваше рускиот министер.
Лавров го почна говорот со обвинувања кон земјите од НАТО и ЕУ, посочувајќи дека ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Тој нагласи дека Организацијата е во лоша состојба и дека била уништена уште во 1999 година.
Тој се осврна и на санкциите што Западот и ги воведе на Русија во неверојатни размери. Во обид да ја урнат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на широката практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион“, рече тој.
