Сообраќаен режим

Советот на министри на ОБСЕ ја промени динамиката на градот

30.11.2023 14:36

Две клучни сообраќајници во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај до утре попладне, поради 30-иот Министерски совет на ОБСЕ кој се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Изменет режим на сообраќај има јавниот превоз. Екипите на брза помош на клучни точки во градот. Како функционира Скопје за време на самитот...

Советот на министри на ОБСЕ ја промени динамиката на главниот град. Празни улици, засилено полициско обезбедување и слаба раздвиженост е ретка слика за Скопје. Денеска е неработен ден и има посебен сообраќаен режим во градот.

Затворени за сообраќај едни од најфреквентните булевари „Илинденска“ и „8-ми септември“. МВР со апел учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. ЈСП со посебен возен ред, билетарниците не работат. Граѓаните со кои поразговаравме велат дека Скопје не било вака празно ниту во неделите И за време на празниците.

Ги контактиравме и службите на Итната медицинска помош од каде велат дека нивните возила непречено се движат во градот. А екипи на Итната медицинска помош од Скопје и од другите градови се присутни и на настанот на ОБСЕ.

 

 

Александра Велинова