Кина
Пекинг: САД треба да престанат да се мешаат во Тајван и во Јужното Кинеско Море
30.11.2023 14:56
Според Пекинг, продажбата на оружје од САД на Тајван е „буре барут“ што ја прави ситуацијата поопасна...

САД треба да престанат да се мешаат и во Тајван и во Јужното Кинеско Море, порачаа кинеските власти. Според Пекинг, продажбата на оружје од САД на Тајван е „буре барут“ што ја прави ситуацијата поопасна.
Кинеското Министерство за одбрана побара американската страна да дејствува во согласност со ветувањата и да преземе конкретни чекори без да ги поткопува интересите на Кина.
